10 одлични мрачни комедии кои се издвојуваат во морето ТВ серии

Orange Is the New Black

Пајпер Чепмен е осудена на 18 месеци затвор за злосторство кое го направила пред повеќе од 10 години. Таа е принудена да го остави својот совршен дом и свршеникот зад себе и да ја отслужи казната. Затворот е џунгла во којашто владеат поинакви правила. За нештата да бидат уште посложени, во истиот затвор е и нејзината поранешна девојка со која го извршила злосторството.

It’s Always Sunny in Philadelphia

Егоцентричните Мек, Чарли, Денис, Френк и Ди се сопственици на неуспешниот Paddy’s Pub. Петчлената банда ужива не правејќи ништо посебно во животот. Она што им е најинтересно е да прават заговори и сплетки и да им фаќаат сеир на другите во друштвото.

Shameless

Френк Галагер, татко на 6 деца, го поминува најголемиот дел од своето слободно време опивајќи се во барови. За децата се грижи најстарата ќерка Фиона, поради тоа што и мајката на децата е отсутна. Дури и кога Френк е трезен, неговото родителско воспитување е прилично дискутабилно.

https://www.youtube.com/watch?v=uzznfBbbMVc

Wilfred

Рајан е млад човек кој има проблем да се вклопи во светот во којшто живее, сè додека не го запознае со кучето на соседите по име Вилфред. Тој оформува неверојатно пријателство со него. Сите го гледаат Вилфред како најобично куче, но за Рајан тој е вистински човек облечен во евтин кучешки костим.

Misfits

Петорица млади луѓе кои немаат ништо заедничко, освен тоа што сите извршиле по некое криминално дело, се осудени на принудна добротворна работа во истиот објект.

Но, кога ќе се случи бура која ја прекинува струјата во целиот град, петмината млади криминалци се будат со неверојатни супер моќи.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg