10 релаксирачки филмови обоени со летна позадина

Adventureland (2009)

Лето, 1987 година. Џејмс Бренан е студент кој се подготвува за долго очекуваното патување низ Европа. Кога неговите родители му соопштуваат дека немаат доволно пари да го финансираат, тој е принуден да прифати работа во локалниот, забавен парк.

https://www.youtube.com/watch?v=gfPE_MEKipM

Before Sunrise (1995)

За време на патувањето низ Европа, Американецот Џеси ја запознава прекрасната, шармантна Французинка Селин. Тој ја убедува да се симне од возот со него во Виена, поминувајќи една магична вечер заедно.

Mr. Bean’s Holiday (2007)

Мистер Бин заминува на одмор во јужниот дел на Франција. Но, неговата летна идила се руши како кула од карти по серијата неочекувани, комични настани и инциденти.

Just Go with It (2011)

Дени е пластичен хирург кој се преправа дека е женет, со цел да ужива во состаноци со други жени без обврски. Но, кога ќе ја сретне девојката од соништата, таа не сака да има ништо со него. Дени ја претставува неговата асистентка како сопругата со која наскоро планира да се разведе.

My Life in Ruins (2009)

Млада жена која работи како туристички водич чувствува дека нејзиниот живот не води никаде. Нејзиното моџо или „кефи“ е изгубено. Но, со новата тура на патници кои ги води низ матичната Грција, работите почнуваат да се менуваат и Џорџија започнува да го гледа светот низ поинаква призма на светлина.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg