Нови серии и сезони најавени за есен 2019

Оваа есен ни се враќаат старите серии, како што ни доаѓаат и нови. Наредните месеци најверојатно ќе бидат многу возбудливи.

Novi serii koi ne ocekuvaat ovaa esen koja e vasiot favorit 01

Нé очекува драма, комедија, хорор и епска фантастика. Ова се неколку серии кои не очекуваат во наредните месеци:

American Horror Story 1984

Во деветтата сезона од популарната серија ќе следиме група млади мажи и девојки кои одат во летен камп. Во стилот на Петок 13-ти, и останати хорор филмови од осумдесеттите, таму ги очекува големо изненадување.

His Dark Materials

Фановите на трилогијата „His Dark Materials“ на Филип Пулман ги очекува права епска фантастика. Во оваа телевизиска адаптација главните улоги ќе ги толкуваат Џејмс МекАвој, Рут Вилсон и Дафне Кин.

State of the Union

Ник Хорнби, авторот на серијалот за Луиз (Розамунд Пајк) и Том (Крис О'Дауд), зборува за љубовната врска која се крши пред нашите очи. Интересно е што серијата има десет епизоди што траат само десет минути.

https://www.youtube.com/watch?v=b6_jCA320DE

The Crown

Третата сезона од биографската драма за животот на британската кралица Елизабета Втора се одвива во текот на 1960-тите. Овој пат, кралицата, наместо Клер Фој, ќе ја толкува оскаровката Оливија Колман.

The Mandalorian

Дизни продолжува со раскажување приказни од универзумот на „Војната на Ѕвездите“, со новата серија, Мандалоријан.

The Witcher

Оваа серија се предвидува да биде новата „Игра на тронови“, иако фановите на книгата и игрите можеби нема да се сложат со оваа констатација.

Watchmen

Зак Снајдер го адаптирал познатиот графички роман за големото платно во 2009 година, но фановите на делото на Алан Мур не беа воодушевени. Наскоро ќе можеме да ја гледаме истоимената серија, но не сме баш сигурни што да очекуваме.

https://www.youtube.com/watch?v=1yKq1PRvPJQ

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg