Најдобрите ТВ мини серии од 2019 година за кои мора да најдете слободно време

Ја „ситниме“ 2019 година, а таа нè изненади со одлични филмови и ТВ серии. Сепак, доколку сте од оние кои немаат „живци“ за серии со многу сезони и епизоди, тогаш мини-сериите се одговорот за вас.

Najdobrite-TV-mini-serii-od-2019-01.jpg

Серии со малку делови, односно епизоди, чии приказни се веќе целосно завршени. Доколку сте расположени за нешто од овој тип, тогаш мора да одвоите време за најдоброто од 2019 година:

The Loudest Voice

Неверојатна мини серија во 7 епизоди со Расел Кроу, Сиена Милер и Наоми Вотс во главните улоги. Расел Кроу е практично изобличен за потребите на ликот кој го носи дејството – Роџер Ејлс, основачот на медиумскиот гигант FOX News.

Од моментот на основањето на медиумот до повлекувањето на Роџер од функцијата поради обвинувањето за сексуално малтретирање и мобинг на работното место, вистинско ремек-дело од серија кое мора да се погледне.

https://www.youtube.com/watch?v=lAnJJHrq0Ws

Unbelievable

Мари Адлер е млада девојка која пријавува силување. Но никој не верува во нејзината приказна. На крајот таа ја повлекува пријавата и признава дека лажела.

Две детективки се среќаваат со цел да ги споредат доказите од нивните случаи. Наскоро им станува јасно дека тие се совпаѓаат и дека можеби станува збор за истиот напаѓач…

I Am the Night

Режиран од Пети Џенкинс (Wonder Woman, Monster) оваа лимитирана ТВ драма е инспирирана од вистински настани. Тинејџерката Фауна Ходел била дадена на посвојување уште како бебе.

Таа никогаш не се заинтересирала за своето потекло, сè додека еден ден не открие нешто што ќе ја натера да го преиспита секој аспект од сопствениот живот.

Surviving R. Kelly

„Сите го сакаа Р. Кели. Но, никој не го знаеше вистинскиот Роберт“. Ова се сведоштвата на многуте жени кои Р. Кели сексуално ги злоупотребувал. Низ нивните храбри изјави полека ја формираме сликата за мрачното лице на пејачот обожаван од страна на милиони.

Tales of the City

Лора Лини ја глуми Мари-Ен, средовечна жена која се враќа во Сан Франциско и повторно стапува во контакт со ексцентричните пријатели. Приказната се фокусира на луѓето кои живеат во комплексот управуван од страна на Ана Мадригал, трансродово лице.

https://www.youtube.com/watch?v=R63GxIGAaZw

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg