10 филмови на Нетфликс кои ќе ве внесат во рано, претпразнично расположение
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови на Нетфликс кои ќе ве внесат во рано, претпразнично расположение

Можеби е премногу рано да влезете во романтично, претпразнично расположение? Нетфликс секако не мисли така.

10-Netfliks-pretpraznicni-filmovi-01.jpg

Го имаме апсолутниот хит за крајот на сезоната, анимираниот филм Klaus кој ќе ве расположи и растажи истовремено.

Некои од предлозите се сосема добри филмови, некои од нив се прилично дискутабилни, но сепак останува фактот дека тешко кој може да ја игнорира празничната магија. Во секој случај, добро ќе го одморите мозокот:

Let It Snow

Работен според истоимената новела на Џон Гришам, снежната бура која го погодува малото гратче ноќта пред Божиќ, успева да приближи група средношколци. Нивните приказни се испреплетуваат и се спојуваат како парчиња на сложувалка, а по божиќното утро ништо повеќе нема да биде исто.

Klaus

Џаспер е разгалено, младо момче и убедливо најлошиот поштар во академијата. По казна, неговиот татко го испраќа во мал, замрзнат град на северот каде што тој открива дека токму таму се крие Дедо Мраз.

The Knight Before Christmas

Средновековен витез е транспортиран од неговата ера во денешното, модерно време и се вљубува во млада наставничка која е разочарана од љубовта.

Holiday Rush

Откако ќе добие отказ, радио диџеј се преселува кај својата тетка, заедно со своите четири разгалени деца.

Merry Happy Whatever

Тврдоглав татко со многу силна волја решава го насочи стресот од празници кон новото момче на неговата ќерка коешто таа го носи за прв пат дома пред Божиќ.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најдобрите филмски премиери во септември - што ќе гледаме оваа есен? Оваа филмска есен е исполнета со многу нови премиери од речиси сите жанрови.&nbs...
Најдобрите ТВ мини серии од 2019 година за кои мора да најдете слободн... Ја „ситниме“ 2019 година, а таа нè изненади со одлични филмови и ТВ серии. Сепак...
Ќе останувате дома за Нова година? Предлог серии кои ќе ги изгледате в... Да се остане дома за Нова година воопшто не е најтрагичното нешто коешто може да...