13 нови комедии што ќе ве расположат после напорен ден

Факт е дека воопшто не е лесно да најдете добра комедија за гледање.

13-novi-komedii-shto-kje-ve-raspolozhat-posle-naporen-den-01.jpg

Секој има различна смисла за хумор, па вистински предизвик е да се направи филм што ќе ги насмее сите.

Сепак, без разлика каква е вашата смисла за хумор, овие позитивни филмови дефинитивно ќе ви го подобрат расположението.

Late Night

Кетрин е водителка на многу популарно шоу, но таа е пред отказ. Рејтингот на нејзиното шоу постојано се намалува, а таа не знае што не е во ред.

Проблемот е што нејзините колеги се исплашени од неа, па не ѝ велат ништо. Но, нештата ќе се сменат кога на тимот ќе му се приклучи Моли, која можеби дури и ќе ја спаси кариерата на Кетрин.

Hors normes

Бруно и Малик веруваат дека секое дете заслужува љубов. Веќе 20 години, тие едуцираат деца и адолесценти со аутизам. Со цел да им помогнат да живеат подобрат живот, тие одлучуваат да ги обединат и да им покажат како се игра тимски.

Резултатот од нивните постапки ќе ги изненади сите.

Mi obra maestra

Артуро има галерија и продава слики, а Рензо е сликар кој верува дела сликите направени по нарачка не се уметност. Тие двајца се пријатели долго време.

Кога сликите на Рензо почнуваат да ја губат својата популарност, Артуро го потсетува дека уметничките дела се многу поценети по смртта на уметникот. Па, тие прават генијален план за да заработат повеќе пари.

100 Dinge

Тони и Пол се многу богати пријатели кои обожаваат да трошат пари. Во нивниот стан изгледа како да има сè, освен празен простор.

Едно утро, двајцата се будат голи во празен стан, а набрзо се сеќаваат дека се обложиле дека можат да живеат без сите предмети што ги купуваат.

Сега треба да го докажат тоа.

Greener Grass

Оваа апсурдна комедија ја раскажува приказната на две богати домаќинки кои живеат во предградие. Двете жени постојано се натпреваруваат една со друга.

Филмот е полн со чудни ситуации и необични пресврти, кои изгледаат сосема нормални во лудиот свет на предградието.

Murder Mystery

Ник и Одри се во брак веќе 15 години. Дури сега одлучуваат да одат на патување во Европа, а по пат запознаваат богат англиски аристократ.

Аристократот ги кани на бродот на неговиот чичко, но штом ќе стигнат таму, се случува убиство.

Одри, која е голем фан на детективски приказни, го тера Ник да го решат убиството.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg