Во случај да ги пропуштивте: Најдобрите ТВ серии од 2020 година кои излегоа досега

И покрај лошата година, добрата вест е што имавме (и сè уште имаме) изобилство од ТВ серии со кои може да се занимаваме во слободното време и малку да си го одмориме мозокот.

Najdobrite-TV-serii-od-2020-godina-koi-izlegoa-dosega-01.jpg

Доколку ги пропуштивте следните 10 серии од 2020, време е да го надоместите пропустот:

Babylon Berlin

2020 ја донесе третата сезона од оваа неверојатна серија во германска продукција. Комесарот Гереон Рат се сели во Берлин, епицентарот на политичките и социјалните промени во златните 20-ти години од минатиот век.

The Baby-Sitters Club

Серијата е снимена врз основа на истоимените книги, фокусирајќи се на група млади девојки кои започнуваат свој сервис со чување на дечиња.

Dare Me

Мажоретка во последната година од средното училиште планира да ѝ се одмазди на групата девојки што ја избркаа од друштвото.

The Good Fight

Серијата која е спин-оф на добро познатата The Good Wife ја прикажа четвртата сезона со Дајан Локхарт, адвокатката која откако ќе ја изгуби сета заштеда, мора да започне повторно „од нула“ во нова фирма.

I’ll Be Gone in the Dark

Мини серија со неверојатна хроника на нерешените злосторства на убиецот од Голден Стејт кој ја тероризирал Калифорнија во 1970-тите и 1980-тите години.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg