10 тематски филмови идеални за „Ноќта на вештерките“

American Psycho

Во овој филм нема натприродни сили, но главниот лик Патрик е психопат, а улогата ја игра Кристијан Бејл. Патрик е богаташ кој може да си дозволи многу нешта – дури и безмилосно да убива луѓе. Филмот изобилува со насилни сцени, па немојте да го гледате ако имате „слаб стомак“.

Sleepy Hollow

Филмот е направен според приказната The Legend of Sleepy Hollow на Вашингтон Ирвинг, која ќе ја препознаат многумина. Главниот лик е Икабод Крејн – личност кој има задача да го спаси градот од безглавиот јавач кој постојано убива.

Ако сакате мрачна приказна сместена во 1800-тите, проткаена и со малку романса, ова е совршениот филм за вас.

The Haunted Mansion

Ако сакате да се релаксирате, тогаш изгледајте до The Haunted Mansion – шегите на Еди Марфи дефинитивно ќе ве расположат.

Филмот раскажува за едно семејство кое сосем случајно завршува во опседната куќа, полна со духови. Па, тие се обидуваат да најдат начин да избегаат.

Silence of the Lambs

Ова е филм што мора да го погледне секој, без разлика кој жанр го преферира. Ако не ви е гледан, тогаш сигурно сте слушнале за главниот лик – серискиот убиец Ханибал Лектор. Филмот е направен според една од книгите на Томас Харис и дејството се случува откако Ханибал е зад решетки. Овојпат, тој ѝ помага на една млада детективка да фати друг сериски убиец.

Ова е можеби најдобрата изведба од кариерата на Ентони Хопкинс, па немојте да ја пропуштите.

The Blair Witch Project

Ова е уште еден хорор, кој сигурно ќе ги исплаши и најхрабрите. Филмот изгледа доста аматерски и е направен во тој стил што ќе мислите дека гледате документарец. Филмот го сочинуваат неколку видео снимки направени од пријатели кои тргнале да бараат вештерка од една легенда. Уште на почетокот дознавате дека тие умреле под мистериозни околности, и зад нив ги оставиле само камерите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg