10 филмови во кои можете да се соживеете со улогата на главниот детектив

Доколку уживате во напнати филмови исполнети со мистерија и се соживувате со улогата на главниот детектив или оној кој го истражува случајот тогаш имаме 10 одлични предлози за вас.

10-filmovi-vo-koi-moze-da-se-soziveete-so-ulogata-na-glavniot-detektiv-01.jpg

Разбудете го детективот во себе и изострете ги инстинктите. Време е за размислување и анализа:

Knives Out

Околностите околу смртта на писателот на криминалистички романи Харлан Тромби се мистериозни.

Беноа Блан е детективот назначен за истрагата, а тој е сигурен во едно – сите во дисфункционалното семејство Тромби се осомничени.

Блан е вплеткан во мрежа од лаги и интриги додека е во потрага по вистината.

Murder on the Orient Express

Херкул Поаро патува со луксузниот Ориент Експрес. Откако ќе се случи убиство за време на патувањето, детективот одлучува да го истражи случајот и да го пронајде виновникот кој се крие помеѓу малкуте патници во возот.

Murder Mystery

Њујоршки полицаец и неговата сопруга одат на долгоочекуван одмор во Европа, за да го живнат нивниот брак. Неочекувано, парот се вплеткува во мистериозното убиство на постар милијардер.

Zodiac

Роберт Грејсмит, карикатурист по професија, опсесивно го истражува убиецот кој е познат под псевдонимот Зодијак. Тој ги користи своите способности за решавање на загатки со цел да го открие идентитетот на убиецот.

The Girl with the Dragon Tattoo

Микаел Блумквист, новинар, ја најмува Лизбет Саландер, компјутерски хакер, да ја реши мистеријата со жената која се води како исчезната повеќе од четириесет години.

Но, двајцата ќе откријат страшни тајни кои со години лежеле длабоко закопани.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg