Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филмови кои со нетрпение ги очекуваме овој јули

Јули ќе биде особено жежок, а филмските премиери нема да бидат ништо помалку од тоа. Нè очекуваат прилично многу нови филмови од кои одбравме десет кои ги очекуваме со најголемо нетрпение.

Filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvame-ovoj-juli-01.jpg

Тука е новото продолжение со „Богот на грмотевиците – Тор“, вистинската приказна за животот на Џеф Безос, адаптацијата на култното дело на Џејн Остин – Persuasion, како и два прекрасни анимирани филмови кои може да ги погледнете во друштвото на своите најмали:

Minions: The Rise of Gru

Во 1970-тите, младиот Гру се обидува да им се придружи на групата супер негативци кои се нарекуваат Vicious 6.

Кога интервјуто се покажува катастрофално, Гру и неговите Миниони тргнуваат во бегство, додека негативците од групата се веднаш зад нив.

Thor: Love and Thunder

Тор тргнува на патување кое не наликува ниту едно со коешто се соочил во животот – потрагата по внатрешен мир. Неговото пензионирање го прекинува Гор, галактички убиец кој посакува истребување на боговите.

Bezos

Вистинската животна приказна на Џеф Безос, скромниот, но незгоден претприемач, во неговата мисија да го создаде Amazon, најголемата светска компанија за е-трговија, и да стане најбогатиот човек на светот.

https://www.youtube.com/watch?v=i4_MrQ6RvYA

Mrs. Harris Goes To Paris

Лондон, 1950-тите. Вдовица која работи како чистачка лудо се вљубува во фустан на Диор, одлучувајќи дека мора да има свој.

Откако ќе ги собере потребните средства за остварување на нејзиниот сон, таа тргнува во авантура низ Париз. Римејк на познатиот класик Mrs ’Arris Goes to Paris од 1992 година.

Persuasion

Осум години откако Ен Елиот била убедена да не се омажи за впечатлив човек со скромно потекло, тие повторно се среќаваат. Дали ќе ја искористат втората шанса за вистинска љубов? Адаптиран според познатото дело на Џејн Остин.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg