Пет Шоп Бојс да го сменат името

pet-shop-boys-da-go-smenat-imeto-povekjeЕвропскиот огранок на здружението ПЕТА инсистира името на групата Пет Шоп Бојс (момците од продавницата за животни), да си го променат името. Тие сметаат дека...

 

pet-shop-boys-da-go-smenat-imeto

...подобро би им одговарало име како Шелтер Бојс (момци од спасувалиштето).

Организацијата ПЕТА го побарала ова од дечките на оваа популарна група бидејќи продавниците за домашни миленичиња се места каде што животните живеат во ужасни услови.

Тие наведуваат неколку примери со животните кои живеат навечер, а во продавниците по цели денови се под флуросцентна светлина, како и тоа дека ги хранат со ужасна храна.

На барањето, момците од групата одговориле дека не се во состојба да одговорат позитивно на оваа молба, бидејќи ова прашање не било вредно за нивното внимание.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg