Мислите дека ги разбирате, но грешите: 9 песни со скриено значење

„Waterfalls“ - TLC

Песната дефинитивно не се работи за бркање на водопади. Текстот на песната се справува со прашања како што се промискуитет, ХИВ / СИДА и нелегална трговија со дрога.


„Poker Face“ -  Lady Gaga

Песните на Лејди Гага речиси секогаш имаат метафорични текстови. Самата Гага признала дека „Poker Face“ е напишана за нејзиното лично искуство со бисексуалноста, односно нејзината фантазија за жени.


„Summer of ‘69“ -  Bryan Adams

Повеќето луѓе веруваат дека песната е потсетување на 1969 година. Сепак, самиот Адамс признал дека се работи за секс.

 
„Hotel Calfornia“ -  Eagles

Текстот може да се сфати како фиктивна приказна за уморни патници кои стигнуваат во луксузен хотел. Сепак, песната ја обработува темата на самоуништување и алчност во музичката индустрија.


„Stairway to Heaven“ - Led Zeppelin

Песна која се смета за една од најголемите рок песни во историјата. Не е ни чудно што има повеќе интерпретации и претпоставки за нејзиното значење.

Најпопуларната е теоријата дека се работи за сатанистичка песна, ова веројатно се должи на фактот дека гитаристот Џими Пејџ ја има купено куќата во Шкотска во која претходно живеел познатиот окултист Алистер Кроули.

Темата на песната е всушност материјализмот.

М. А. | Црнобело



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg