Новиот сингл на Кејти Пери
Кејти Пери се појави со нов сингл, шести по ред од нејзиниот актуелен албум Teenage Dream. Кејти се одлучи тоа да биде песната The One That Got Away.
„Многу ми е драго да објавам дека The One That Got Away е мојот шести сингл, затоа што е песна која ја покажува мојата друга страна што не дојде до израз во претходните синглови. Мислам дека секој може да се пронајде во оваа песна. Песната е посветена за оној момент кога некому му ветуваш нешто за секогаш, но на крајот произлегува дека не си во состојба да го исполниш истото. Тоа е горка приказна“ – изјавила Кејти.
Додека не пристигне спотот, преслушајте ја песната The One That Got Away.