Eдинствениот Македонски краток филм Mавера вечерва се прикажува на Браќа Манаки

Краткиот игран филм „Мавера“ е во официјалната селекција на кратките играни филмови на 44 издание од интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ како единствен Македонски краток филм ќе биде прикажан на eвчерва во Центарот за култура во Битола со почеток од 19:00 часот.

edinstveniot-makedonski-kratok-film-mavera-vecerva-se-prikazuva-na-braka-manaki-01.jpg

Овој проект е независно финансиран, без надворешна поддршка, а притоа е селектиран од голема конкуренција на Македонски и странски филмови со високи буџети, во режија и сценарио на Батухан Ибрахим, кој е и продуцент на филмот заедно со Стефан Ѓоргиевски, кој исто така е и кинематографер на проектот.

Монтажер е Драган Спасов а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска.

-Заедно работиме од студентски денови, сметам дека многу добро функционираме во нашата работа и комуникација.

Батухан ја сподели неговата идеја за Мавера со мене, генерално сличните проблеми не засегаат па и оваа приказна ми беше многу блиска.

Во процесот бев од првиот момент, уште од самата идеја, па постојано комунициравме во фаза на сценарио, разменувавме идеи, мислења и лични искуства, вели Ѓорѓиевски.

Ибрахим вели дека со Ѓорѓиевски ги работеле сите заеднички студентски филмови, вежби а покрај тоа и останати проекти кои што не се филм.

-Новиот проект кој што е поддржан од Агенцијата за филм исто така го работиме заедно, многу добар тим сме и функционираме одлично.

Во овој процес тој беше вклучен од првиот момент, врз основа на нашето пријателство комунициравме уште од првите мигови, односно уште од креирање на идејата, јас ја споделив со него. Секако од почетокот бевме одлучни дека двајцата ќе бидеме продуценти на филмот, дека ќе биде тежок нашиот пат но успеавме, додава Ибрахим.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg