Танц на шипка, мажи на штикли: Какви бизарни настапи ни носи Евровизија 2025 вечерва?
- Детали
- вторник, 13 мај 2025
Од танцување на шипка во латекс до скандалозни стихови и голи мажи само со пешкири на сцената - што ќе видиме вечерва, на првата полуфинална ноќ од Евровизија 2025 година? Македонија нема свој претставник, а пренос ќе има од 21 часот. Кои се најскандалозните претставници годинава?
Eвровизија може да се каже дека е еден од најлудите настани на телевизија, но годинашното издание на Евровизија се очекува дека ќе биде уште понеобично и послободно.
Се најавуваат побизарни настапи од кога било, со многу повеќе сексуални алузии одошто можете да замислите, па магазинот „TheSun“ пишува дека дури и латекс шорцеви ќе изгледаат скромно.
Австралија ќе ја претставува ексцентричниот Go-Jo (вистинско име Марти Замбото), со песната „Milkshake Man“, облечен во сјаен син комбинезон и чевли на висока платформа.
Финска ќе ја претставува Ерика Викман, во провокативен латекс костум, настапувајќи со песната „Ich Komme“ („Јас доаѓам“), додека изведува танц на шипка.
Меѓу најчудните настапи се и Væb од Исланд, братско дуо, и Еми од Ирска (иако е од Норвешка) со песна за мртво куче во вселената – „Laika Party“.
Организаторите на Евровизија се во состојба на готовност поради можни непристојности на сцена.
Слушнете ја песната на Исланд:
Организаторите особено се загрижени поради настапот на Мириана Конте од Малта, чија песна „Serving“ првично се викалa „Kant“ – што значи „вокали“ на малтешки, но на англиски звучи како вулгарен збор.
Постои стравување дека публиката во арената St. Jakobshalle во Базел, Швајцарија ќе започне да го скандира забранетиот збор.
На социјалните мрежи веќе се шират коментари како: „Целата арена ќе вреска 'Kant!' во нејзина чест“ и „Можат да го забранат зборот, ама нема да нè спречат!“
Инаку зборот „Kant" на англиски јазик сам по себе нема значење, а тој е сосема нормален збор на малтешки, каде што значи „вокали“.
Но, во Велика Британија, зборот „Kant“ многу звучно и визуелно потсетува на навредливиот збор „cunt“, кој е еден од најгрубите и највулгарни изрази во британскиот англиски.
Тој се користи како тежок навредлив збор и се смета за многу непристоен и навредлив во повеќето контексти.
Мириана ќе настапи за време на втората полуфинална вечер.