Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Танц на шипка, мажи на штикли: Какви бизарни настапи ни носи Евровизија 2025 вечерва?

Во меѓувреме, Ерика Викман ќе направи вечерта да биде непријатна за гледање на родители со деца - пеејќи стихови како: „Полн си со издржливост, удри ме пак, фати ме за газот. Ако сакаш уште љубов, само кажи ‘енкор’, бебе, јас доаѓам...“

Нејзината песна:

Go-Jo од Австралија ќе се пошегува со стихови како: „Дојди и земи голтка од мојата специјална чаша, слушнав дека ти треба малку освежување“ и „Гледам дека сакаш да го вкусиш Milkshake Man“ – при што го кине своето горно парче облека.

Кликнете на видеото од неговата песна:

PARG од Ерменија, исто така, ќе настапи гол до појас, со песната „Survivor“.

tanc-na-shipka-mazhi-na-shtikli-kakvi-bizarni-nastapi-nosi-evrovizija-2025-vecherva-04.jpg

Шведска, која е фаворит според обложувалниците, ќе ја претставува комичното трио KAJ со песната „Bara Bada Bastu“, со мажи облечени само во пешкири кои танцуваат како да се во сауна.

Слушнете ја песната на Шведска:

Извор од продукцијата на Евровизија вели: „Има многу провокативни настапи оваа година и сè е можно.

Иако има проби, многу од костимите се ризични и не можете да предвидите што ќе се случи во живо“.

Од секое полуфинале ќе поминат по десет песни, кои ќе се натпреваруваат во финалето заедно со домаќинот Швајцарија и големата петорка на Евровизија – Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство.

Настапувачите од Шпанија (Melody), Полска (Justyna Steczkowska) и повторно Мириана од Малта, со свои впечатливи и разголени стајлинзи, дополнително го разгоруваат интересот и контроверзиите.

Слушнете ја песната на Шпанија:

А кога на сцената ќе се појават и Væb од Исланд, облечени во сребрени костими со светкави патики – шоуто ветува лудачка вечер каква што само Евровизија може да понуди.

Македонија и годинава нема свој претставник.

С. С. | Црнобело



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg