Бев на концерт на синот на Андреа Бочели во Скопје и ме восхити со италијанскиот шарм - танцуваше со дамите во публика, па доби овации
Седна и на бината, со гитаристот покрај себе, за да е поблиску до публиката, а додека пееше, во салата му направија ѕвездено небо.

Воодушевена од неговото пеење, моќниот глас и односот кон сите што беа дојдени да го слушаат и видат, публиката не престана да аплаудира, а Матео се врати на бис.

Двапати доби стоечки овации и си замина пеејќи ја Caruso, но и со ветување дека повторно ќе дојде во Скопје.

Па ако пред концертот се прашував дали публиката дојде поради Матео или само затоа што е син на Андреа Бочели, сега сум сигурна дека од синоќа, тој има неколку стотина (нови) фанови.
Погледнете неколку видеа и повеќе фотографии од концертот на Матео Бочели во Скопје:





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: С. Н.