Сергеј Четковиќ ја славеше љубовта на концерт во Скопје: Покани парови да танцуваат на сцената, пееше шетајќи меѓу публиката
За мерак на многумина, Сергеј имаше и специјална гостинка - Елена Ристеска.
Нашата пејачка и Сергеј се пријатели долги години, а овој пат застанаа еден покрај друг и заедно ја испеаја Prsten na sto.
Елена блесна во долг, широк фустан, па сама ја испеа својата „Доживотно“, а публиката ја испрати со силен аплауз.

Два и пол часа со Сергеј и неговите песни поминаа за миг.
Тој уште еднаш покажа зошто е неофицијалниот крал на љубовните балади, но и еден од омилените регионални пејачи на македонската публика.
„Секогаш во Скопје имаме преубава енергија. Како еден од поубавите настапи во мојата кариера засекогаш ќе го патемам оној во Универзална сала, која, за жал, веќе не постои.
Ви благодарам луѓе, навистина сте прекрасни“, рече тој пред крајот на својот концерт.

Вечерва, Сергеј и вторпат ќе пее пред нашата публика, на концертот организиран од Евентум.

Погледнете дел од атмосферата од првиот концерт на Сергеј во Скопје:
Прочитајте и Сергеј Четковиќ за CRNOBELO: „Романтичен сум, правам љубовни гестови кои се налик на сцените од старите филмови“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / Фото: Д. П.