Бев на настап на Некст Тајм, 2Бона и Слаткар во Кисела Вода - Деца врескаа по идолите, Слаткар запеа со девојка од публика
Додека песните се редеа една по друга, Марко ја најави „Насмевка“, песната посветена на неговиот син Моша.
„Не ја пеам скоро никогаш на настапи, но еве ја вечерва за сите вас“ - кажа тој.

А откога заврши, праша дали некоја девојка би се качила на сцената, за со него за ја испеат песната „Сара“.
„Ама, да знае да пее убаво“ - рече Марко, па избра една девојка која пееше самоуверено и без срам, а потоа доби пофалби дека била одлична.

А одлична беше и забавата во моето маало - опуштено, во една јунска вечер, со убава музика и уште поубава енергија.
И потсет за себе - следната година мора да одам пак! Кој и да пее!
Погледнете видеа од настапите на Некст тајм и Слаткар:
Повеќе фотографии од настапите на Некст тајм, Слаткар и 2Бона, и гостите зад сцената, но и во публиката:







