„Бев во Битола на единственото кабаре со традиционална македонска музика - какво богатство имаме, се ежам од емоции“
А зад него на сцената, почна да излегуваат танчари, сите облечени во костими кои Андреј Папаз ги креирал специјално за оваа претстава.
Визуелниот дел, само го дополуваше она што го слушаше увото.


Се топев од емоции додека Катерина Јовановиќ ја пееше „Со маки сум се родила“, додека Прочјевски ја рецитираше маестралната „Кога ја љубев Дениција“ од Петре М. Андреевски.


„За раѓањето и вечноста“, како што симболично е наречено ова уникатно кабаре, во ист момент ми разбуди толку многу емоции - среќа, тага, разнежнетост, внатрешна сила...
Додека точките се менуваа една по друга, де се ежев од убавина, де се насмевнував од топлината околу срцето.


Какво само богатство е ова.
Иако најавија дека претставата е направена специјално за роденденот, а Диме низ разговорот ми кажа дека 2 месеца деноноќно работел на музиката, се надевам дека наскоро, македонското кабаре повторно ќе се најде на репертоарот на кабарето.


Тоа што визуелно го создадоа кореографите Бобан Русески, Илија и Симона Карадаковска, верувајте, не смее да остане скриено, туку да го видат сите, барем еднаш.
Зашто таква емоција, толку силен аплауз, толкави овации од публиката, одамна не сум слушнала.


Погледнете кратко видео од кабарето:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Видео: Толис Цирудис / фото: Фејсбук