Џејсон Деруло направи спектакл во Охрид за Илинден - се симна во публика, го остави срцето на сцена
- Детали
- недела, 03 август 2025
Синоќа во Охрид, Џејсон Деруло одржа концерт за паметење - најсреќните кои стоеја во првите редови, го видоа и одблизу, кога се симна од бината, а некои дури и имаа шанса да се фотографираат со светската ѕвезда.

Светската ѕвезда, Џејсон Деруло, вчеравечер (02.08), на Илинден, одржа голем концерт во Охрид.
Пред неколкуилјадната публика на стадионот „Билјанини извори“ тој си го остави срцето.


Насмеан, полн со енергија од првиот момент, Деруло играше, пееше и не криеше дека и самиот ужива на сцената и се забавува заедно со публиката која беше дојдена да го слушне и да го види во живо.
Деруло, на концертот беше придружуван од многу танчерки, имаше пиротехника, се преоблекуваше неколкупати додека ги пееше своите хитови.


Шоуто што го одржа во Охрид беше врвно - и визуелно и продукциски, исто како што изгледаат неговите концерти во сите други градови во кои настапува.
Македонската публика вчеравечер навистина имаше можност да ужива во светски спектакл.


Најсреќните кои стоеја во првите редови, го видоа одблизу кога се симна од бината, а некои дури и имаа шанса да се фотографираат со него, откако заврши шоуто.
Концертот во организација на „Прагма продукција“ повеќе наликуваше на еднодневен фестивал отколку на концерт.


Почна со сетовите на диџеј Мац и диџеј Боно, продолжи со настапот на 2Бона, а по Деруло, на сцената се појави српската пејачка Бресквица, со чиј настап концертот заврши доцна во ноќта.
Погледнете повеќе фотографии:


