Сашко Коцев со сопругата, Ѕвезда Ангеловска со ќерката - Познатите на 20-годишнината од премиерата на „Балканкан“
- Детали
- четврток, 21 август 2025
Од главните актери Владо Јовановски и Ѕвезда Ангеловска, до Катарина Ивановска и Драган Спасов - Дац... Кои познати Македонци дојдоа на 20-годишнината од премиерата на култниот филм за баба Зумбула?

Вчеравечер во отвореното кино на Cineplexx се одржа проекција на најгледаниот македонски филм, „Балканкан“, со која се одбележаа 20 години од неговата премиера.
На проекцијата дојдоа многу од членовите на актерската екипа, луѓе кои работеле на филмот, новинари, глумци и луѓе кои ја обожаваат црната комедија на режисерот Дарко Митревски.

Актерите кои ги играа главните улоги Владо Јовановски (Трендафил) и Звездана Ангеловска (Ружа) се дружеа пред и по проекцијата.
Меѓу гостите беа и Катарина Ивановска со партнерот Стефан, Сашко Коцев, Драган Спасов - Дац и Бранко Огњановски дојдоа со сопругите.

Кои познати Македонци дојдоа на 20-годишнината од премиерата на „Балканкан“?
Драган Спасов Дац со сопругата Весна

Васко Тодоров

Сашко Коцев со сопругата Смиљана

Ѕвезда Ангеловска со ќерката

Владо Јовановски со актерките Ирена Илиевска и Драгана Левенска

Катарина Ивановска
