Слаткар и Тони Зен го кренаа Скопје на нозе, Калиопи ја „украде“ последната минута - Незаборавен концерт пред илјадници фанови

А тие го почнаа концертот со оригиналната верзија на „Спушти се доле“, која ја испеаја пред 15-тина години. Во салата делириум - публиката пее, игра, скока, се забавува со нив.

По ова следеа уште неколку заеднички песни и најавата на првите гости, 2Бона, со кои ја испеаја заедничката песна Sugar, а по неа и „Дијаманти“.

slatkar-i-toni-zen12.jpg

slatkar-i-toni-zen30.jpg

Тони се повлече од сцената, а Слаткар остана околу 1 час за да ја раскаже својата музичка приказна. Се редеа „Шопинг“, „50 евра“, „ФМ“, а потоа и песната што ѝ ја посвети на сопругата Сања Николиќ.

„Тој што ме знае приватно знае дека сум многу романтичен“, рече Марко, па ја испеа „Луда романтика“.

Првпат на концерт ја испеа и песната што ја напиша за синот Моша, „Насмевка“.

„Син ми дојде да ме гледа, многу сум возбуден, којзнае што си мисли сега - Абе што прави татко ми?“

slatkar-i-toni-zen33.jpg

slatkar-i-toni-zen17.jpg

По ова на сцената му се придружија „Некст тајм“ за да ги испеат заедно „Океани“ и „Магдалена“.

Со првата го распламтија патриотското чувство, особено што концертот се одржуваше на Денот на востанието 11 октомври, а со втората многу емоции меѓу публиката.

slatkar-i-toni-zen06.jpg

slatkar-i-toni-zen07.jpg

Брзо по ова сцената ја презеде Тони. Својот сет го почна со еден од најголемите хитови „Кој сум јас“, а потоа, стоејќи пред неколкуилјадната публика, рече дека ова е остварување на еден музички сон.

„Бабо, дедо, мамо, тато, Валентина, Јасен, ова е за вас“, кажа Тони.

slatkar-i-toni-zen27.jpg

slatkar-i-toni-zen32.jpg

Продолжува на следната страница...


Најчитани неделава