Слаткар и Тони Зен го кренаа Скопје на нозе, Калиопи ја „украде“ последната минута - Незаборавен концерт пред илјадници фанови

Следеа „Во мој стил“, „Интернет“, „Моето маало“...

„Пред 15 години бев Супер Зен и сè уште сум, само сеа сум Супер Супер Зен“, рече Тони.

slatkar-i-toni-zen10.jpg

slatkar-i-toni-zen05.jpg

На сцената потоа излезе бугарскиот рапер Бобо, долгогодишен соработник на Тони, па заедно ја испеаја и позната „Дим да ме њама“, а како негови гости беа и Нино Васков и Smoke Panda од Софија.

Еуфоријата стивна пред крајот на концертот, кога понесени од трагедијата во дискотеката „Пулс“, двајцата музичари им оддадоа почит и на починатите, и на повредените.

„Не сте сами, со вас сме сите“, рекоа тие, па со многу емоции ја испеаја „Исти“.

slatkar-i-toni-zen37.jpg

slatkar-i-toni-zen22.jpg

Врвот на емоции следеше на самиот крај, кога неочекувано, од зад сцената се појави Калиопи.

Сите бевме во исчекување на „Да полетам“, но никој од нас не очекуваше дека една од најемотивните песни на Слаткар ќе ја испее поп-дивата.

На крајот на настапот, тие се гушнаа, а им дотрча и Тони, па тројцата музичари останаа во долга прегратка.

slatkar-i-toni-zen16.jpg

slatkar-i-toni-zen18.jpg

Концертот, организиран од „Прагма продукција“, Тони и Слаткар го завршија како што го почнаа, со „Спушти се доле 2“ - новата верзија на песната која им ја одбележа кариерата.

Додека си одев, размислував за тоа дека си поминав одлично, ама ми беше мило и што наши, македонски музичари ја наполнија арената „Борис Трајковски“, но уште повеќе од тоа - направија фантастичен концерт за кој ќе се зборува уште долго.

slatkar-i-toni-zen08.jpg

slatkar-i-toni-zen15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

фото: С. Самандов, К. Станковски, Т. Јанакиевски 



Најчитани неделава