Најемотивните моменти на Макфест 2025 - Коки пееше сам без Дуле, Стојан Троицки се расплака за наградата за животно дело
Додека пееше делуваше како да е скршен од тага, а кај публиката врати многу спомени на едно убаво време кога заедно со Коки беа меѓу најпопуларни музичари кај нас и кога ниедна свирка не поминуваше без нивната виолина и гитара.
Беше испратен со громогласен аплауз, а и тој им аплаудираше на нив, за да им возврати за поддршката и љубовта што ми ја даваат.
„Како ми е? Еве вака... тажно, сам... Дуле го нема покрај мене. Ме фати трема на крајот, гласот ми затрепери кога требаше да кажам два -три збора. Иако, мислам дека вчера ми беше потешко“ - ни кажа Коки во разговорот по настапот.
Тој претходно, на ревијалната вечер ја испеа песната „Виолина и...“, песна посветена на Дуле и неговото отсуство.

Коки зад сцената се дружеше со Тања Кочовска и Трајче Манев, па тие фотки ги објави и на својот Инстаграм.
„Осамени, ама среќни“ - се пошегува Коки на фотката со Трајче Манев.

Дарко Андонов Даан, чиј починат татко настапи на фестивалот како гитарист на групата „Три пати на ден“ во 1992-ра, кога ја испеаја песната „Тања“, сега излезе на сцената со бендот и заедно со пејачот Емил Канаваро ја изведе оваа песна.
„Овој наш настап, малку е емотивен момент, а сакам да го посветам на останатите членови на ‘Три пати на ден’, кои за жал веќе не се меѓу нас, меѓутоа претпоставувам дека нè слушнаа таму горе колку гласно ја испеавме оваа песна и дека им е огромна чест што нè видоа пак на сцената“, ни рече Дарко.
Еден ден по својот макфестовски настап, Бојана Скендеровски објави видео додека ја пее „Немам одбрана“.
„Каква емотивна вечер! 40 години Макфест, 40 години славење на македонската поп музика, на иста сцена со идолите од моето детство! Каков симболичен ден… текстот на оваа песна е на Агим Јонуз“ - напиша Бојана.
Таа песната ја испеа токму во чест на Агим Јонуз, а кој почина завчера (25.10) на денот кога таа ја пееше неговата песна.