Јордан од Скопје беше на концерт на Рики Мартин во Братислава: „Има енергија што ретко се гледа, ВИП билетите беа околу 200€“
- Детали
- понеделник, 22 декември 2025
„Рики на сцената се движеше самоуверено, танцуваше, комуницираше со публиката и имаше енергија што ретко се гледа. Емотивен момент беше кога на Nobody Wants to Be Lonely, публиката ја презеде улогата на Кристина Агилера“, вели за CRNOBELO.com Јордан Колевски, кој беше на концертот во Словачка.

Јордан Колевски од Скопје, кој веќе неколку години живее во Канада, новогодишните и божиќните празници ги поминува во Европа.
Откако дојде во Македонија, тој замина на патување во Словачка, а причината за тоа беше концертот на Рики Мартин во Братислава (на 21.12), кој беше финале на неговата светска турнеја.
Јордан вели дека сè уште е под силни впечатоци од енергијата на Рики на сцената и од одличниот концерт, во кој уживал.


За тоа како го доживеа концертот, Јордан раскажа за CRNOBELO.com:
„Концертот на Рики Мартин во Братислава беше вистински спектакл - 1 час и 30 минути чиста енергија, без паузи.
Почна точно во 19:00, а Рики не застана ниту момент; имаше само неколку секунди паузи помеѓу песните за да го смени стајлингот и да продолжи уште посилно.


Настанот се одржа во Incheba Expo Bratislava, сала која беше преполна.
Градот очигледно се обидува да привлече повеќе туристи преку вакви концерти, и тоа се гледаше бидејќи имаше посетители од Италија, Австрија, Чешка и други земји.


VIP билетите беа околу 200€, и искрено, вредеа.
Рики во живо изгледаше извонредно - со модерни и елегантни стајлинзи, одлична физичка форма и харизма што се чувствуваше дури и од подалеку.

