Јордан од Скопје беше на концерт на Рики Мартин во Братислава: „Има енергија што ретко се гледа, ВИП билетите беа околу 200€“
На сцената се движеше самоуверено, танцуваше, комуницираше со публиката и имаше енергија како да е средина на турнеја, а не ова да е неговиот последен концерт.
Како финале на неговата Ricky Martin Live 2024 Tour, концертот имаше посебна тежина.


Ги отпеа најголемите хитови: Livin’ la Vida Loca, She Bangs, La Copa de la Vida и емотивниот момент со Nobody Wants to Be Lonely, каде публиката ја презеде улогата на Кристина Агилера.
Публиката беше гласна, еуфорична и целосно посветена, а атмосферата беше таква што јасно можеше да се почувствува дека присуствуваме на нешто посебно.


Кратко кажано: концерт што го подигна градот, привлече туристи и докажа дека Рики Мартин и по 30 години кариера уште владее - со глас, изглед и енергија што ретко се гледа“.
Погледнете повеќе фотографии:
Кликнете за да го погледнете видеото од концертот:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело