Емотивни моменти на Златна Бубамара ’26: Џамбазов со грутка во грло рецитира за Кочани, Тина Русева „згрме“ со моќен вокал и порака
Драган Жериќ Жера од „Црвена јабука“ ја отпеа емотивната „S tvojih Usana“, а на крајот од рефренот наместо „Volim te“ отпеа „Сакам те“
Светската ѕвезда Марта Хај внесе врвна енергија со својот моќен вокал и со говорот:
„Горда сум што ќе го однесам ова (наградата) дома во Америка, да покажам дека соулот од срцето е насекаде низ светот, посебно во Макeдoнија“.
Игор Џамбазов го поздрави човекот кој на сите им недостасуваше, Сашко Коцев, кој оваа година не беше тука, заради голема улога која ја добил за филм во Србија и рече: „Ве поздравува сите“
Тука беше и проклетиот дел во кој Игор Џамбазов им оддава почит на починатите, додека на видео-бим се менуваа фотографии од сите кои ги изгубивме изминатата година, а тој накратко кажа по што ќе ги памети сите
-->
-->

-->
Моментот кога одеднаш на видео бимот се појави ѕвездено небо, светлата се затемнија, а публиката замолчи – и на сите им се стегнаа срцата знаејќи кој дел следи, Кочани...
Со многу емоции ја изрецитира „Крвава бајка“ од Десанка Максимовиќ, напишана за масакр на гимназијалци, а потоа имаше уште поемотивен говор со грутка во грло, за најсмртоносниот пожар во историјата на Македонија
Цела сала стана на нозе и со 1-минутен аплауз им оддадоа почит на жртвите од Кочани, а на бимот се појавија фотографии од сите членови од ДНК кои починаа во пожарот

По повод 50 години од смртта на Никола Бадев, на аудио беше пуштена „Абре Македонче“, а во еден момент цела публика во еден глас отпеа „Нека разберат клетите фашисти, македонско име нема да загине“ и одекна громогласен аплауз
Кошаркарот Владо Илиевски доби награда за спортска легенда и емотивно се потсети на анегдота од детството, а наградата ја посвети на својот покоен татко и на покојниот претседател на државата Борис Трајковски
„Беа голем пример како да бидеш добар човек, да ги почитуваш сите луѓе и да си ја сакаш татковината“.
-->
Прочитајте и „Бев на Златна Бубамара 2026 - Игор нè доведе до солзи за ангелите од Кочани, Сашко Коцев не се појави“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
Фото: Александар Ристовски
