Ирена Спировска со партнерот, Сања и Слаткар - Познатите парови на Златна Бубамара ’26
- Детали
- петок, 27 февруари 2026
Викторија Лоба дојде со сопругот Ѓорѓи, а фолк-пејачот Влатко Миладиноски беше во друштво на сопругата. Меѓу гостите беше и еден од најпопуларните македонски спикери, Благоја Крстевски, со сопругата. Кои познати парови беа на „Златна Бубамара 2026“?

Синоќешната Златна Бубамара, освен многу емотивни моменти, смеа, музика, хумор, мода и забава, донесе и многу љубов...
Меѓу неколкуте илјади посетители во арената „Борис Трајковски“, кои скоро 4 часа уживаа во дружењето со најдоброто од Македонија, но и регионот, беа и многу познати парови.
Тие се смееја на шегите на водителите, пееја и не криеја дека си поминуваат убаво на познатата манифестација, која годинава се одржа по 29-ти пат.
