„Кој ги уби децата од Кочани?“ - Моќниот говор на Џамбазов на Златна Бубамара ‘26, што ни ја стегна душата

„16 март 2025, 1 часот и 35 минути... најсмртоносниот пожар во историјата на Македонија. Кој ги уби децата од Кочани? Фашисти? Како децата во Ваташа и Крагујевац? Не... ги убија наши неодговорни луѓе. Слава им на ангелите. Сара, која повеќе од 10 години ми го чуваше грбот. Андреј, кој се вратил во дискотеката на смртта да спасува, Панчо кој почина откако дозна за тажната вест“.

govorot-na-igor-djambazov-za-kochani-shto-ni-ja-stegna-dushata-01.jpg

Златна Бубамара на популарноста, вчеравечер се одржа по 29-ти пат, а организаторите приредија вистински спектакл – од шегите на водителите на разни актуелни теми, до врвни музички имиња и моќни настапи, познати парови во публика, впечатливи модни изданија, но како секогаш, имаше и солзи.  

Емотивни моменти на Златна Бубамара ’26: Џамбазов со грутка во грло рецитира за Кочани, Тина Русева „згрме“ со моќен вокал и порака

bev-na-zlatna-bubamara-2026-igor-ne-dovede-do-solzi-za-angelite-od-kochani-sashko-kocev-ne-se-pojavi-108.jpg

Игор, како и секогаш, на оваа манифестација беше задолжен за делот за оддавање чест на оние кои ги загубивме во текот на изминатата година.

Откако ги спомена сите позначајни имиња и накратко кажа по што ќе ги памети, дојде најтешкото.

Моментот кога на видео-бимот зад Игор Џамбазов се појави ѕвездено небо со испишани букви „Македонска крвава бајка“, светлата се изгаснаа, а салата се стиши, сите знаеја што следи, Кочани...

govorot-na-igor-djambazov-za-kochani-shto-ni-ja-stegna-dushata-04.JPG

Најголемата трагедија во поновата историја на Македонија ја зави нашата земја во црно и остави празнина во огромен број семејства.

Со грутка во грлото и силни емоции, тој започна да рецитира:

Bilo je to u nekoj zemlji seljaka
na brdovitom Balkanu,
umrla je mučeničkom smrću
četa đaka
u jednom danu.

govorot-na-igor-djambazov-za-kochani-shto-ni-ja-stegna-dushata-08.JPG

Стихови од песната „Крвава бајка“ на Десанка Максимовиќ, напишана во 1941, откако слушнала детали за масакрот во кој германскиот окупатор стрелал цело одделение средношколци во Крагуевац, а се смета за едно од најтешките поетски дела.

Потоа Игор емотивно продолжи:

„Тоа било 21 октомври 1941-ва...

16 март 2025, 1 часот и 35 минути... најсмртоносниот пожар во историјата на Македонија, со 64 жртви, над 200 тешко повредени.

Бол и бес... кој ги уби децата од Кочани? Фашисти? Како децата во Ваташа и Крагуевац?

Не... ги убија наши неодговорни луѓе. Луѓе нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, нахранет со алчност, корупција и незнаење.

govorot-na-igor-djambazov-za-kochani-shto-ni-ja-stegna-dushata-05.JPG

Новиот фашизам, новиот лик на светот кој никому не му се допаѓа.

Пред 3 години на оваа сцена рецитирав стихови од нашиот поет Славко Јаневски, 'В тиквешко негде убија дете...' Кому му рецитирав? Ја научи ли некој?

Се слушаме ли? Кому пречеа тие деца? Не пречеа никому.

Само се жртви на голем хаос кој зацрни цел град, хаос кој верувам нема да го заборавиме и ќе ни стои како шлаканица која ќе нè боли вечно.

Слава им на ангелите, почивајте во мир другари, уметници, деца наши...“

govorot-na-igor-djambazov-za-kochani-shto-ni-ja-stegna-dushata-06.JPG

По говорот цела публика стана на нозе и со 1-минутен аплауз им оддаде почит на жртвите, а на видео-бимот се појавија фотографии од сите членови на ДНК кои го загубија животот таа вечер, па Игор се потсети на сите по ред.

На Сара, која повеќе од 10 години му чувала грб на секоја „Бубамара“, Андреј, кој се вратил во дискотеката на смртта да спасува, но цијанидот го задржал, Панчо, кој почина откако ја дозна тажната вест за трагедијата...

emotivni-momenti-na-zlatna-bubamara-26-djambazov-so-grutka-recitira-za-kochani--_copy.jpg

Прочитајте и „Бев на Златна Бубамара 2026 - Игор нè доведе до солзи за ангелите од Кочани, Сашко Коцев не се појави“

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg