Водителот „најлош во историјата“, од пеењето на Кипар „болат уши“ - Моменти од второто полуфинале на Евросонг 2026
- Детали
- петок, 15 мај 2026
„Што беше ова? Ушите ми крварат од вокалот“, „Остана без здив и пред да почне да пее“, „Ете, и Кипар ја прати Теа Таировиќ пред нас“, се дел од коментарите за настапот на Кипак, кој сепак влезе во финалето.

Вчеравечер во Виена, Австрија се одржа второто полуфинале на 70-тото издание на Евросонг.
Најголемиот музички настан во Европа, овој пат ги разочара фановите, а на социјалните мрежи се коментира дека „На Австрија треба да ѝ се забрани да организира Евросонг во иднина“.
Негативните коментари се особено насочени кон водителот Мајкл Островски, кого на Твитер го окарактеризираа како „најлош во историјата“.
„Изгледа многу перверзно, како дете на Лебовски и Рон Џереми“, пишуваат.
Кои беа највпечатливите моменти од второто полуфинале на Евросонг 2026?
Претставничката на Австралија, Делта Гудрем имаше фантастичен настап и многумина веќе ја прогласија за победник на Евросонг.
По неколку години пауза, на Евровизија настапи и Бугарија - и влезе во финалето, со одличен настап.