Водителот „најлош во историјата“, од пеењето на Кипар „болат уши“ - Моменти од второто полуфинале на Евросонг 2026
Со исклучок на Црна Гора, сите балкански земји што се натпреваруваа поминаа во финалето.
Па, така, во сабота на евровизиската сцена, освен Бугарија, ќе ги гледаме и претставниците на Албанија, Србија, Хрватска и Грција.
Кипарската претставничка Антагони влезе во финалето, но реакциите на Твитер се дека нејзиното пеење е многу лошо.
„Што беше ова? Ушите ми крварат од вокалот“,
„Остана без здив и пред да почне да пее“,
„Ете, и Кипар ја прати Теа Таировиќ пред нас“.
Додека се чекаше прогласувањето на вторите 10 полуфиналисти, натап имаше минатогодишниот евровизиски победник, Џеј Џеј.
За потсетување, финалето ќе се одржи во сабота, 18.05, и ќе настапат 25 земји.
Вечерта ќе ја отвори Данска, а ќе заврши со земјата домаќин, Австрија.
А. Ј. | Црнобело