10 најемотивни моменти од Лазаров награди 2026 - Извинувањето на Стефан кон Гиговска, комплиментите од Благица
- Детали
- четврток, 04 јуни 2026
Искрата во погледот на Мандар кон саканата Дариа, која е во 9-тиот месец од бременоста. Гордоста во очите на Марта за својот сакан и нејзината верба во неговите соништа, за што Стефан и јавно ѝ заблагодари на Инстаграм. Солзите во очите на присутните кога го видоа реновираниот дом на семејство од ранливите категории во Куманово.

И среде сет блесок и гламур, емоциите секогаш се најмногу на цена. Емоции кога некој го очекува своето прво детенце, кога некој е горд на сам себе поради хуманоста и емоции кога колеги и колешки знаат да си дадат комплимент од срце.
Најемотивните моменти од Лазаров награди 2026:
Гордоста во очите на Марта Лазарова додека гледа на сцената како нејзиниот сопруг Стефан го живее својот сон, организирајќи настан од највисок ранг. Но, и неговата јавна благодарност кон неа за верување во неговите соништа.



-->
-->
Искрата во погледот на Мандар кон саканата Дариа, која е во 9-тиот месец од бременоста.

-->


Искреното и од срце извинување на Стефан Лазаров кон Антониа Гиговска и сопругот Роберт Спасенцовски, за некогашни навредливи коментари во подкаст, кое тие го прифатија со насмевка.



Поддршката која Лазаров ја има од родителите, како и честитањето на 60-иот роденден на татко му на Стефан, Орце Лазаров и изведбата на композицијата „Не кани ме“, чиј автор е тој.

Искрените комплименти од Благица Павловска кон Тамара Тодевска, кон нејзината енергија, глас и завидна кариера, но и кон Антониа дека е девојка со светлина во себе.

-->



