Јован Јованов и Елвир Мекиќ нè вратија во младоста со концертот во Скопје - Направија шоу, имаа иста енергија како пред 20 години
Имаше и многу емотивни моменти - додека Елвир ја пееше дуетската песна со Гоце Арнаудов, на бим се појавија инсерти од спотот со починатиот пејач, а Елвир го поздрави семејството на Гоце.
Двајцата признаа и дека имаат трема зашто во публика им се децата кои ги гледаат првпат во живо.

Концертот на Елвир и Јован беше вистинско шоу. Им благодариме што и покрај тоа што двајцата не живеат во Македонија, не заборавија дека овде се омилени на публиката.
Се вратија и на бис, а кога конечно се повлекоа од сцената, публиката уште долго аплаудираше и не сакаше да си оди, бараше уште.

И признавам, мислам дека требаше да ни отпеат уште некоја песна.
Барем уште една за нас повозрасните кои бевме најгласни на „Светло се гасне“ и „Ди Џеј“. Но, се надеваме на повторен концерт во скоро време.
Повеќе фотографии од концертот:






©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело