Што ќе се случи со нашата планета доколку Амазонската дождовна шума целосно изгори?

Ќе изгубиме 80% од видовите храна

Во Амазонската шума има над 3.000 видови овошки што се добри за јадење.

Дождовната шума произведува 80% од храната во светот, вклучувајќи авокадо, смокви, лимони, банани, манго, ананас, кафе, кокос, какао и домати.

Уништувањето на шумата значително ќе ја намали нашата залиха со храна.

shto-kje-se-sluchi-so-nashata-planeta-dokolku-amazonskata-shuma-izgori-celosno-07.jpg

Ќе се намали квалитетот на воздухот

Амазонската шума складира околу 100 милијарди тони јаглерод.

Потенцијалното уништување на шумата значи дека повеќе нема да се рециклира јаглеродниот диоксид, па ќе се намали квалитетот на воздухот ширум целиот свет.

shto-kje-se-sluchi-so-nashata-planeta-dokolku-amazonskata-shuma-izgori-celosno-08.jpg

Ќе има повеќе шумски пожари

Доколку температурите се зголемат за околу 3 степени Целзиусови, ќе почнат да се создаваат пожари кои можат да уништат дури 75% од шумата.

Кога ќе нема дрва, ќе нема ни многу дожд, со што дополнително ќе се зголеми бројот на пожари.

shto-kje-se-sluchi-so-nashata-planeta-dokolku-amazonskata-shuma-izgori-celosno-09.jpg

Над 30 милиони луѓе ќе останат без нивните домови

Амазонската шума е дом на над 30 милиони луѓе. Повеќе од 350 етнички групи целосно зависат од шумата. Дури и оние кои живеат во урбаните средини, сепак бараат храна, засолниште и лекови во шумата.

shto-kje-se-sluchi-so-nashata-planeta-dokolku-amazonskata-shuma-izgori-celosno-10.jpg

Ќе изгубиме 20% од свежата вода во светот

Во Амазонската шума се наоѓа 1/5 од свежата вода на Земјата. Оваа вода е важна бидејќи од неа зависат растенијата, животните, габите и минералите во шумата.

За жал, намалените врнежи ќе го намалат нивото на водата во Амазон.

shto-kje-se-sluchi-so-nashata-planeta-dokolku-amazonskata-shuma-izgori-celosno-11.jpg

Ќе изгубиме 70% од растенијата кои активно се борат против ракот

Од околу 3.000 растенија кои се активни против канцерогените клетки, дури 70% се наоѓаат во дождовните шуми.

shto-kje-se-sluchi-so-nashata-planeta-dokolku-amazonskata-shuma-izgori-celosno-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg