Музички мастерклас во Аудиокултура

Средата која измина во Аудиокултура се одржа култен настан на кој свој настап во живо реализираа Танос Ставридис, Стела Темплери и Бобан Мирковски.

muzichki-masterklas-vo-audiokultura-01.jpg

„Tales from the box“ или „Приказни од кутијата“ е насловот на проектот кој ја пренесува сета суштина, не само на музицирањето, туку и суштината на живеењето.

Сосема соодветено на Аудиокултура која непретенциозно се постави како општествен бренд кој достојно и во континуитет постила квалитетна програма преку која ги постави стандардите за тоа како треба да се промовира и живее култура.

muzichki-masterklas-vo-audiokultura-02.jpg

Минимум еднаш неделно, тука се случува тематски настан кој промовира чиста култура. Тоа се настани на кои присуствува точна бројка на публика и настани чија звучна репродукција се реализира преку врвните high-end аудио системи од teoharov audio. Настани доведени до совршенство, настани кои најпрво се радост, а потоа и документ за едно поквалитетно живеење.

muzichki-masterklas-vo-audiokultura-03.jpg

Со прикладен говор, Танос го објасни насловот на проектот и не поведе кон неверојатно музичко патување на флексибилност и премостување на три века музика со помош на три инструменти.

Виолончело, пијано и хармоника.

Со трите најраспространети и најфлексибилни инструменти во светот, ова беше музичко патување од вчера до денес. Од Бах и Моцарт до Шопен, Хачатуријан и Гершвин. Но и до Фреди Меркјури, Битлси и Пјацола како најголеми филмски композитори на 20 век.

muzichki-masterklas-vo-audiokultura-04.jpg

„Приказни од кутијата“ се среќаваат со Бобан Мирковски во проект кој се стреми да покаже колку можат да бидат актуелни класичните музички дела. Воведниот интро говор од Танос пред секоја следна композиција беше и почеток, но и финален допир од уникатност која уште повеќе ја облагороди и така фантастичната вечер.

Во биографијата на Бобан, како пијанист и аранжер, се запишани бројни солистички настапи, награди и успеси на светско ниво, како и заеднички настапи со значајни имиња од македонската музичка сцена.

muzichki-masterklas-vo-audiokultura-05.jpg

Танос Ставридис е еден од најпознатите хармоникаши, со соработки и изведби во дискографијата на најголемите и најпознатите пејачи, композитори и музичари во Грција и на Балканот. Учествувал во над 100 снимања на албуми и како солист и како оркестратор.

muzichki-masterklas-vo-audiokultura-06.jpg

Биографијата на Стела Темплери исто така бележи бројни концерти со виолончело, како и истакнувања на натпревари во камерна музика. Соработки со значајни музички имиња се чести, а еден од нејзините главни проекти во дуетот со виолончело и хармоника е секако „приказни од кутијата“.

Овој проект за прв пат беше реализиран во Кавала, Грција.

Изведбата во Аудиокултура е втора по ред воопшто и прва во Македонија.

Фото: Стефан Рајхл

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg