Hisense телевизорите со напредни технологии носат беспрекорна слика и кристално чист звук од теренот до вашиот дом

Квалификациите за Европското фудбалско првенство, кое во 2024 година ќе се одржи во Германија, траат долго, а Македонија е една од 53-те европски земји кои се борат да учествуваат на ова престижно натпреварување.

Ако сте голем љубител на фудбалот, сигурно ќе сакате да го следите секој детаљ од UEFA Euro 2024, но - дали знаевте дека тоа можете да го постигнете дури и од удобноста на вашата фотелја?

hisense-televizorite-so-napredni-tehnologii-nosat-besprekorna-slika-i-kristalno-cist-zvuk-od-terenot-do-vasiot-dom-03.jpg

Имено, Hisense телевизорите имаат посебен спортски режим кој го нагласува квалитетот на движењето и ги пренесува акцијата и можноста за беспрекорната слика и кристално чистиот звук од теренот директно во вашиот дом, но тоа не е сѐ.

По спонзорството на престижните натпреварувања како FIFA World Cup Russia 2018, FIFA World Cup Qatar 2022™, UEFA Euro 2016 и UEFA Euro 2020, и како актуелен спонзор на Paris Saint-Germain и е-спортот ширум светот, Hisense продолжува да го поддржува спортот. Токму искуството стекнато во работата на спортски проекти му дава можност на овој бренд да ја подобри технологијата на своите телевизори, за гледачите да уживаат во фудбалот на најдобар можен начин. Затоа, при изборот на нов телевизор, погрижете се тој да ги има карактеристиките што ќе ви ги претставиме - ќе се сеќавате на UEFA Euro 2024 и спортските преноси по нивната висока резолуција, совршените бои и кристално чистиот звук.

hisense-televizorite-so-napredni-tehnologii-nosat-besprekorna-slika-i-kristalno-cist-zvuk-od-terenot-do-vasiot-dom-06.jpg

Hisense телевизорите нудат голем број исклучително важни опции кои прикажуваат спортски содржини на најдобар можен начин - со поголема флуидност, без сечење на сликата, стапка на освежување до 120 херци и подобрено осветлување кое достигнува и до 1.300 нити кај некои модели. Спортскиот режим и функциите за непречено движење (Smooth Motion) го обезбедуваат горенаведеното. Со нив видливоста на играта е подобра бидејќи овозможуваат секоја акција да се следи од почеток до крај, без никакви скокови во преносот на сликата.

Благодарение на Quantum Dot технологијата, телевизорот може да репродуцира повеќе од милијарда бои на екранот. На овој начин се постигнува прикажување на целата палета на бои, а во исто време се подига нивото на реалистично прикажување. Значи, софистицираната оптика носи поширок опсег на бои кои се прикажуваат како што би ги виделе доколку физички сте таму, на пример, на фудбалски терен. Меѓутоа, бидејќи се работи за функција која поддржува различни режими на слика, може да се прилагоди на која било содржина што се прикажува - филмови, игри, класични телевизиски преноси и слично.

hisense-televizorite-so-napredni-tehnologii-nosat-besprekorna-slika-i-kristalno-cist-zvuk-od-terenot-do-vasiot-dom-02.jpg

Бидејќи високата резолуција овозможува подобро прикажување на деталите, треба да знаете дека одредени модели на Hisense телевизорите поддржуваат 4K, односно четирипати поголема резолуција од 2K. Дополнително, функцијата Dolby Vision HDR обезбедува подинамичен и појасен приказ, богат со детали дури и во најтемните и најсветлите делови на сликата. Hisense телевизорите имаат и технологија за АI-oптимизација на слика која е опремена со паметно препознавање на екранот во реално време. Ова значи дека секоја рамка и дојдовен сигнал може да се снимат во еден момент, а потоа квалитетот на сликата автоматски се оптимизира според специфичните барања на она што е на екранот.

Со технологијата Dolby Atmos, поддржана е истовремена работа на повеќе звучници, од кои секој има индивидуален звук. На овој начин звукот се пренесува до секој агол од собата и се создава 3D аудио уживање како во кино. Поголемата чистота и јасност на звукот ви помагаат да ги слушате и најтивките звуци.

Hisense нуди многу повеќе високотехнолошки функции на телевизорите што ќе ви се допаднат. Сепак, треба да знаете дека се разликуваат од серија до серија бидејќи има модели кои се QLED, ULED, OLED, Mini LED и ласерски телевизори. Сепак, заедничко за сите нив е тоа што доаѓаат со паметната платформа VIDAA – паметен оперативен систем кој овозможува брз пристап до апликациите, само треба да го повикате и да кажете што сакате, а гласовното пребарување ќе ви го најде.

hisense-televizorite-so-napredni-tehnologii-nosat-besprekorna-slika-i-kristalno-cist-zvuk-od-terenot-do-vasiot-dom-01.jpg

Ако сакате да дознаете повеќе за технологиите и функциите што ги нуди брендот Hisense, посетете ја веб-страницата и изберете го телевизорот што најмногу ќе одговара на вашите потреби. Кој избор и да го направите, едно е сигурно - со Hisense телевизорите, вашето искуство од гледање спортски настани како што е UEFA Euro 2024, како и сите други содржини ќе бидат незаборавни. Hisense телевизорите се достапни за продажба во продажните места на Сетек и Нептун.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg