Kим Кардашијан му се налути на телохранителот што ѝ го згази фустанот, па изгуби нокт на Мет гала 2025
- Детали
- среда, 07 мај 2025
Ким Кардашијан носеше креација со смел дизајн што го истакнуваше нејзиниот задник. Но, прво телохранителот ја налути, а потоа доживеа и мала незгода на црвениот тепих.
Ким Кардашијан стана вирален хит со видео на кое го кара својот телохранител, откако тој ѝ стапна на фустанот, додека таа се упатуваше кон Мет Гала 2025.
44-годишната ријалити ѕвезда беше заедно со нејзината ќерка Норт Вест (11) и излегуваа од луксузниот хотел „Ritz-Carlton“ во Њујорк.
На видеото се гледа како ѕвездата излегува од хотелот пред огромниот број обожаватели и папараци, кога еден телохранител по грешка нагазува на долниот дел од нејзината креација дизајнирана по нарачка.
По инцидентот таа запре, се сврте кон него и му упати лут поглед, кој се гледа и покрај нејзината шапка.
За најголемата модна вечер во годината, која оваа година се одржа под темата „Superfine: Tailoring Black Style“, Кардашијан носеше комплет со корсет од брендот Chrome Hearts со смел дизајн што го истакнуваше нејзиниот задник.
Кардашијан го надополни својот впечатлив изглед со масивни дијамантски ѓердани, соодветни обетки и две низи бисери околу нејзиниот колк.
Погледнете ја ситуацијата:
Потоа, таа загуби еден нокт додека позираше пред фотографите на познатите скали на музејот, каде се одржа Мет гала, а кои беа украсени со кадифен син тепих и цветни огради.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





