Ким Кардашијан се кае за фустанот на Мерилин Монро: „Нагло ослабев, си ја уништив косата, за само 10 минути на црвениот тепих“
- Детали
- понеделник, 01 декември 2025
„Не можев да седам во автомобил. Никој не смееше да ме допре за да не го оштети фустанот. Сето ова – слабеењето, фарбањето што траеше 30 часа, облекувањето пред настанот – беше за можеби десет минути од мојот живот“, вели Ким Кардашијан која сега жали што на Мет гала 2022-ра се појави во легендарниот фустан на Мерилин Монро.

Ретко кој аутфит на Мет галата е зборуван колку фустанот на Мерилин Монро што го носеше Ким Кардашијан во 2022 година.
Во далечната 1962 година, Мерилин го носеше фустанот додека му ја пееше Happy Birthday на тогашниот претседател Џон Ф. Кенеди.
Денес фустанот има музејска вредност и се наоѓа во музејот на Ripley’s Believe It or Not.
Па, Ким се соочи со критики кога го облече, а се шпекулираше и дека го оштетила.
Но, сега ријалити ѕвездата вели дека жали за одлуката.
Најпрво таа вели дека не ѝ се допаѓало што ја офарбала косата руса.
„Ќе зборувам за ова до крајот на времето. Не знам зошто, но сите ми велеа ’Не ја прави косата како на Мерилин. Ќе изгледаш како восочна фигура од Мерилин‘. Подобро ќе беше да имав темна коса, како Џеки Кенеди“.
Но, многу поглем проблем бил самиот фустан.
Ким вели дека било кошмар да го носи, особено бидејќи не смеела да дозволи да го оштети.
„Не можев да седам во автомобил, не можев да ризикувам. Многу лесно можеше да се оштети. Никој не смееше да ме допре, ако некој ме допреше, ќе го извалкаше фустанот.
Беше ризично да седнам со него во автомобил или да излезам од хотелот додека го носам.
Па, сето ова – слабеењето, фарбањето на косата кое траеше 30 часа, излегувањето од хотелската соба со наметка, облекувањето на црвениот тепих само колку да се качам по скалите, а потоа пресоблекувањето во реплика од фустанот бидејќи не може да го носам додека јадеме… Сето ова за можеби десет минути од мојот живот, само на црвениот тепих. Толку траеше сето“.
За да се подготви, Ким воопшто не спиела ноќта пред Мет галата.
„Мораше да ја погодиме бојата на косата. Но, не сакав да ми падне косата (од силната фарба). Имавме само еден ден да ја офарбаме косата, па бевме будни 15 часа“.
Ким драстично ослабе за фустанот, а вели дека немала друг избор.
„Кога посакав да го носам фустанот на Мерилин, знаев колку е нежен, па знаев дека ќе треба да ослабам барем 5 килограми за само да можам да влезам во него“.
Мерилин го купил фустанот по цена од 1.440 долари, но потоа музејот на Ripley’s Believe It or Not го купи по цена од речиси пет милиони долари.
Па, до денес ова е еден од најскапите фустани продадени на аукција.
На крај, Ким не успеа да „влезе“ во фустанот, па криеше дека е откопчан на задниот дел со бела бунда.
Репликата што ја носеше потоа ѝ беше точна и вели дека колку-толку можелa да ужива во вечерта.
Спирова С. | Црнобело
