На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и со свекрвата (фото)
- Детали
- четврток, 28 мај 2026
Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани како одат на вечера заедно со 3 од нејзините деца, а ги придружуваа и мајката на Луис, но и на Ким. Ријалити ѕвездата повторно пронајде среќа во љубовта по разводот и скандалите со Канје.

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон на почетокот на 2026 за првпат беа „уловени“ на романтично бегство низ Европа.
Неколку месеци тие ја криеја романсата, но набрзо потоа почнаа да се појавуваат заедно во јавност, па дури и да разменуваат нежности и страсти.
Сега, изгледа дека ја однесоа врската чекор подалеку и стануваат посериозни, со оглед на тоа што децата на Ким веќе излегуваат заедно со нив.
Парот беше забележан како оди на вечера, а заедно со нив беа и децата на Ким, Сент, Чикаго и Псалм, но не и најстарата ќерка Норт.

Освен децата, на вечера ги придружуваа и мајките на Ким и Луис, а по крајот на вечерта, парот беше фотографиран во автомобил заедно со новата свекрва на Ким, Кармен.



За оваа пригода, ријалити ѕвездата одбра тесен црн фустан кој ги истакнува нејзините облини, искомбиниран со кратка јакна и големи очила за сонце.
Погледнете повеќе фотки:





М. М. | Црнобело