Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на голема врата во Холивуд?
- Детали
- недела, 21 септември 2025
Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R покрај Џорџ Клуни. Иако стекна светска слава, се повлече од глумата. Многу години подоцна, се врати како победник, и тоа со Еми награда во 2025. Се сеќавате ли на Ноа Вајл?

Публиката ширум светот го памети Ноа Вајл по неговата легендарна улога на д-р Џон Картер во култната серија E.R.
Но 54-годишниот актер се врати на голема врата во Холивуд со својата нова серија The Pitt, а со која ја однесе дома една од најважните награди на 77-то доделување на наградите Еми 2025, за најдобра машка улога.

Ова е прво Еми на актерот, кој претходни петпати беше номиниран за најпрестижната награда за филмски серии, токму за улогата во Е.R., каде што глумеше покрај Џорџ Клуни.
Во тоа време двајцата беа на почетокот на кариерата и серијата ги лансираше во ѕвездите - се стекнаа со светска слава и милиони обожаватели.

Серијата беше еден од најголемите телевизиски феномени во ‘90-тите, но и покрај тоа Вајл реши да си замине.
„Ќе бидам многу конкретен - беше 9 ноември 2002, денот кога ми се роди првото дете. Беше четврток, и не отидов на работа во петок.
Но, веќе од понеделник почна истата рутина. Рано стигнав на снимањето, а веќе во 10:30 гледав во часовникот и едвај чекав да си одам дома кај синот и сопругата.

Тогаш знаев дека треба да сменам нешто, дека не ми годи да сум преку 12 часа на снимање.
Сакав да бидам со синот, потоа и со децата. И затоа си дадов отказ“ - кажа тој во едно интервју.

