Гледал нејзин филм 75 пати, ја засакал и пред да се запознаат - Љубовната приказна на Емили Блант и Џон Красински
- Детали
- недела, 14 септември 2025
Актерите Емили Блант и Џон Красински се доказ дека и во Холивуд е можна вистинска и долга љубов. Во брак се 15 години, а се венчале по 2 години врска во куќата на Џорџ Клуни на езерото Комо во Италија.

Англиската актерка Емили Блант и нејзиниот сопруг, Џон Красински, кој беше избран за најсекси маж според People во 2024, уживаат во љубовта која трае скоро две децении.
И покрај тоа што и двајцата се јавни личности и популарни во целиот свет, сепак, својот приватен живот успеваат да го задржат за себе, а децата да ги заштитат од медиумите.
Нивните имиња не се поврзуваат со скандали и не се провлекуваат во таблоидите.
А во ретките заеднички појавувања на црвениот тепих, Џон со многу љубов гледа во својата сопруга, поради што има жени кои посакуваат да најдат маж кој би ги гледал заљубено на истиот начин.
Љубовната приказна на актерскиот пар почна во ноември 2008 година - се запознале во ресторан во Лос Анџелес преку актерот Џастин Теро, кој е нивни заеднички пријател.
Тоа се случило во време кога Красински не барал врска, но набрзо сфатил дека сака да биде со Емили засекогаш.
„Кога ја запознав, бев толку нервозен. Помислив: ‘О, Боже, мислам дека ќе се заљубам во неа, а не ја ни знам’,“ признал Џон во едно интервју.
Емили, пак, се сеќава дека кога Џон пришол на нејзината маса само стоел покрај неа и ја засмевал.
Хемијата помеѓу нив била толку многу силна, што Џон веднаш знаел дека таа е вистинската.
„Тоа е една од оние ситуации каде што веднаш знаете штом ќе сретнете некого“, рекол тој.
Но, пред да ја запознае, Џон бил голем фан на Емили, особено откако ја гледал во филмот Devil Wears Prada.
Подоцна ѝ признал дека 75 пати го гледал филмот, и тоа само заради неа.
„Имам среќа што остана со мене и не помисли дека сум некој што ја демне“, рекол Џон на шега.
Тој ја запросил Емили по неполна година врска, во август 2009, а се венчаа на 10 јули 2010 на имотот на Џорџ Клуни на езерото Комо, во вила од 18-тиот век.
Во 2014 година ја добија ќерката Хејзел, а две години подоцна и Вајолет.
А. Ј. | Црнобело
