Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментација“

„Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално тешки за мене и моите деца. Тогаш му оставив контрола над семејните домови мислејќи дека тоа ќе го смири. Со децата не сме стапнале таму“ – вели во новите документи, а зборува за настанот во авионот, кога Бред изгубил контрола врз децата.

andjelina-djoli-so-novi-detali-za-razvodot-so-bred-pit-mu-gi-ostaviv-domovite-ne-plakjashe-alimentacija-01.jpg

Анџелина Џоли и Бред Пит се разделија уште во 2016-та по 12 години поминати заедно, но драмата со нивниот развод и судски спорови траеше до 2024, речиси една деценија.

Таа веднаш по разделбата поднесе документи за развод, откако инцидент за време на приватен лет ја прелил нејзината чаша, кога го обвини Бред за физичко и вербално насилно однесување кон неа и децата.

andjelina-djoli-so-novi-detali-za-razvodot-so-bred-pit-mu-gi-ostaviv-domovite-ne-plakjashe-alimentacija-02.jpg

Прочитајте повеќе: Бред Пит ги давел и удирал децата, се криеле под ќебиња од него - Анџелина Џоли со нови обвинувања за бившиот, 6 години по разделбата

Иако во декември 2024-та конечно го финализираа разводот, тие уште се „влечат“ по судови, заради спор околу Miraval, винарија во Франција, која некогаш ја поседуваа заеднички.

Откако Џоли во 2021 го продала својот дел на трета страна, Пит ја тужеше заради нивниот договор да не го прават тоа без дозвола од другиот.

andjelina-djoli-so-novi-detali-za-razvodot-so-bred-pit-mu-gi-ostaviv-domovite-ne-plakjashe-alimentacija-11.jpg

Сега, во нова судска изјава, која оригинално ја објавува People, Анџелина објаснува колку ѝ било тешко тој период, со оглед на тоа што доживеале траума.

Во новите документи кои ги поднела до судот за нивниот имот Chateau Miraval, таа напишала:

„Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разделам од мојот поранешен сопруг, беа многу емоционално тешки за мене и нашите деца.

Кога поднесов документи за развод, му ја оставив контролата (и комплетнo престојување) на нашите семејни домови во Лос Анџелес и Миравал, без компензација, што се надевав дека ќе го смири во справувањето со мене, по тешкиот и трауматичен период.

andjelina-djoli-so-novi-detali-za-razvodot-so-bred-pit-mu-gi-ostaviv-domovite-ne-plakjashe-alimentacija-04.jpg

До овој ден, децата и јас никогаш повеќе не стапнавме на имотот, со оглед на концекцијата со болните настани кои доведоа до разводот.

По разделбата, веднаш почнав да барам нова куќа за мене и децата, првично за изнајмување додека барав постабилно решение.

andjelina-djoli-so-novi-detali-za-razvodot-so-bred-pit-mu-gi-ostaviv-domovite-ne-plakjashe-alimentacija-08.jpg

Бидејќи сакав Бред да остане важен дел во животот на децата, барав имот блиску до неговиот дом.

Во тоа време, мојата заштеда беше заглавена во Миравал, а не му барав на Бред алиментација ниту каква било друга финансиска поддршка“.

andjelina-djoli-so-novi-detali-za-razvodot-so-bred-pit-mu-gi-ostaviv-domovite-ne-plakjashe-alimentacija-10.jpg

Бред Пит, ниту неговите претставници за јавност, се немаат огласено и не одговориле на барањата од светските медиуми за коментар.

Актерот моментално ужива во љубовта со Инес де Рамон. 

andjelina-djoli-so-novi-detali-za-razvodot-so-bred-pit-mu-gi-ostaviv-domovite-ne-plakjashe-alimentacija-13.jpg

Прочитајте и Бред Пит докажува дека 60-тите се новите 30-ти - Му годи младата девојка (32), Џоли ја нарекува „грешка од минатото“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди Веројатно сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се откажат од презимето на ак...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Бред Пит се вика Вилијам – Познати личности за кои не знаете дека користат уметнички имиња Вин Дизел се вика Марк Синклер (одбрал име што звучи моќно додека работел во ноќ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава