Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
Веројатно сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се откажат од презимето на актерот бидејќи актерката наводно водела кампања за да ги отуѓи од него. Причината е тоа што по насилниот инцидент во авионот, таа сакала да се смири со Бред и да му даде уште една шанса, но тој ја одбил.

Како што децата на Бред Пит и Анџелина Џоли стануваат полнолетни, почнуваат да се откажуваат од презимето на актерот.
Медокс, Шајло Захара и Пакс веќе се откажаа од презимето Пит, а како што споделува Daily Mail, и близнаците на парот планираат да го направат истото веднаш штом ќе наполнат 18 години.
Од разводот, Бред Пит нема апсолутно никаков контакт со неговите деца и ова е нешто што веројатно нема да се промени во блиска иднина.
Според изворите, ова е знак дека Анџелина „победила“ во целата војна.
„Наближуваме до крајот. Анџелина победи.
Ова беше детален план за целосно да ги отуѓи децата од Бред, а нивното откажување од презимето го означува крајот“.
Изворот вели дека сето ова е всушност кампања на актерката бидејќи никогаш не му простила на Бред, но не за инцидентот во авионот кога бил физички насилен.
Туку, Џоли пробала да го спаси бракот и сакала да му се врати на Бред, но тој ја одбил.
Бред и Анџелина се венчаа во 2014 година, а нивните шест деца беа дел од церемонијата.
Тој период беа нарекувани „Бранџелина“ и важеа за најсовршениот славен пар.
Бред веднаш ги посвои постарите деца на Џоли, Медокс и Пакс, потоа заедно ја посвоија ќерка им Захара, а добија и три биолошки деца – Шајло, Вивиен и Нокс.
„Искрено, кога ќе ги видевте на настани како школски приредби, изгледаа како совршеното семејство, и тоа со најубавите мајка и татко што сте ги виделе.
Бред беше прекрасен татко, многу посветен. Се шегуваше дека бил роден за да стане татко“, вели изворот.
И неговите блиски велеа дека актерот никогаш не бил посреќен и дека најважното нешто во животот му се децата и сопругата.
Но, само две години по свадбата, приказната доби пресврт.
Додека летале со приватен авион од Франција до Лос Анџелес, Бред, под дејство на алкохол, станал насилен.
Наводно ја грабнал Анџелина, а потоа истурил вино и пиво врз неа и врз неколку од децата.
Истрагата за инцидентот траеше со месеци, а беа вклучени и агенти од ФБИ, за на крај актерот да биде ослободен од обвиненијата.
Тој, пак, веднаш побара помош за зависноста од алкохол и како што споделуваат извори блиски до него, до денес е трезен.