Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото)
- Детали
- среда, 18 февруари 2026
Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бившиот на Лук Еванс, а во понеделникот двајцата повторно беа заедно. Ова разгоре гласини за можна љубовна поврзаност.

Педро Паскал и Рафаел Олара постојано се фотографирани заедно во последно време.

Особено привлекоа внимание папарацо фотките, каде тие се гушкаат, додека одат на ручек во Њујорк во неделата.

Поради нивните дружби се разгоруваат гласини за љубовна врска помеѓу актерот и дизајнерот.

Рафаел претходно беше во врска со актерот и пејач Лук Еванс, но двајцата ја потврдија разделбата во 2021 година.
Тие објавуваа и заеднички фотки на социјалните мрежи.


Нивното раскинување дојде година и половина подоцна, откако во 2019 година јавно ја потврдија врската преку Инстаграм.


50-годишната ѕвезда од серијата „The Last of Us“ и 47-годишниот креативен директор во хотелот Faena беа фотографирани на Менхетен и во понеделникот. Педро љубезно застана и за да потпише автограми и да се фотографира со обожавателите пред да влезе во хотелот.



