Лорен Санчез едвај оди со штикли по плажа на Ибица - Џеф Безос ја држи да не скрши глужд, Ди Каприо се крие (фото)
- Детали
- вторник, 05 август 2025
На Ибица и покрај нерамниот терен, Лорен не се откажа од нејзините влечки со високи потпетици. Таа се бореше да одржи баланс и да не падне, цврсто држејќи се за раката на Безос.

Лорен Санчез (55) на карпестото крајбрежје на Ибица се појави во високи потпетици, откако се симна од јахтата на нејзиниот сопруг Џеф Безос.

Тие со суперјахтата, вредна 485 милиони долари, пристигнаа во Шпанија заедно со Леонардо ди Каприо и неговата девојка Виторија Черети (27). Леонардо се криеше со капа и маска на лицето.

Инаку, двата пара се дружеа и лани на јахтата на Безос на италијанскиот остров Сардинија.
На Ибица и покрај нерамниот терен, Лорен не се откажа од нејзините високи потпетици, држејќи се цврсто за раката на Џеф за да не падне и да се повреди.

Лорен се појави во крем летен мини фустан, а нејзиниот 61-годишен сопруг беше облечен во бела поло маичка, сиви панталони и бели патики, посоодветно за карпестиот брег.
Лорен Санчез во секој миг се бореше да го задржи балансот, а тоа јасно се гледа на папарацо фотките.

Фотографии од нив на Ибица:
С. С. | Црнобело
