Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа за парови во хотел (фото)
- Детали
- вторник, 03 февруари 2026
Во саботата Ким долетала до рурално место во Англија за да помине 24 часа со Луис во луксузен хотел, каде резервирале базен за себе и масажа за парови, оттаму заминаа на една ноќ во Лондон, а сега се забележани како излегуваат од исто возило пред хотел во Париз - Кардашијан и Хамилтон изгледа се новиот славен пар, по долги години пријателство.

Ким Кардашијан и поранешниот Формула 1 возач Луис Хамилтон се долгогодишни пријатели, но изгледа нивниот однос прераснал во нешто повеќе.

Гласините за нивната врска почнаа откако таа со приватниот авион долетала од Лос Анџелес до Велика Британија, наводно за романтичен викенд со него.


Тие престојувале во луксузниот хотел Estelle Manor, сместен во Котсволдс, рурален регион во Англија.

Според изворите на The Sun, тие наводно биле во иста соба, а имале и ексклузивен пристап до базенот и спа центарот.

„Имаа резервирано масажа за парови и целосно ги користеа сите услуги само за нив двајца.
Вечерта, имаа вечера во приватна соба за да нема други гости околу нив.
Таа имаше два телохранитела со неа, а Луис исто така имаше придружба за обезбедување, но не воочлива, туку во позадина, а тој се движеше сам“ – изјавил изворот.

Сепак, и покрај тоа што имале желба за приватност, Кардашијан не останала незабележана, заради нејзините 8 куфери и огромната Hermes Birkin чанта со која се истакнувала.

Сега, тие уште повеќе ги зајакнаа гласините за врска, откако по романтичното патување, беа забележани како со исто возило пристигнуваат во хотел во Париз, а наводно заедно летале со приватен лет од Велика Британија.



Во меѓувреме поминале една ноќ во Лондон, а сега престојуваат во хотелот Le Bristol, каде Ким промовира своја колекција од својот бренд.
„Моментално се неразделни и пробуваат да си го усогласат распоредот според работните ангажмани на Ким.
Таа промовираше колекција во Лондон, а дотаму се возеа заедно за да бидат што подолго заедно“ – изјавил извор.
Инаку, Ким и Луис се пријатели долги години, а своевремено се дружеа и со нивните тогашни партнери, Канје Вест и Никол Шерцингер.


По разводот со Канје, Ким немала сериозна врска, а Луис последно беше поврзуван со Софија Вергара.
Прочитајте и Никол Шерцингер, Ријана, Рита Ора – Сите славни девојки кои Формула возачот Луис Хамилтон успеа да ги освои
М. М. | Црнобело
