Луис Хамилтон не може да ѝ одолее на Ким Кардашијан на плажа на Малибу: Ја прегрнува, ја допира, таа се смее (фото)
- Детали
- среда, 22 април 2026
„Изгледаат како навистина вљубен пар“, гласи еден од коментарите за новите папарацо фотки од Ким Кардашијан и Луис Хамилтон. Парот беше забележан на плажа на Малибу и додека некои им посакуваат сè најдобро, други велат дека сигурно самите ги викнале папараците.

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон потврдија дека се пар на Super Bowl во февруари, а иако официјално немаат изјавено ништо, не пробуваат да ја скријат љубовта.
По викендот на Coachella, Ким и Луис беа забележани на плажа на Малибу и не ги тргаа рацете еден од друг.
45-годишната ријалити ѕвезда носеше сурферски костим и црни бикини, додека 41-годишниот тркач носеше шорцови и маичка.
Додека стоеја на брегот, Луис ја прегрна Ким, а ја допре и за задникот, а откако влегоа во водата продолжија со прегратките.
И двајцата беа во добро расположение, а Ким не престануваше да се смее.
Кога ја потврдија врската во февруари, некои извори споделија дека блиските на Ким се загрижени за неа.
Некои мислеле дека новиот дечко ќе ја третира исто како Никол Шерцингер – додека биле заедно, Луис се однесувал како „тинејџер“.
Сепак, некои сметаат дека Ким и Луис изгледаат пресреќно и дека ријалити ѕвездата заслужува висинска љубов по драмата што ѝ ја приреди Канје.
„Се заслужуваат еден со друг“.
„Изгледаат како да се забавуваат, им посакувам се најдобро“.
„Изгледаат како пар кој е вистински вљубен. Изгледа како Луис да ја учи Ким да плива“.
Но, некои се убедени дека целата фотосесија е „режирана“ и дека Ким и Луис се однесуваат вака само пред камерите.
Извори блиски до парот, пак, велат дека вистински се трудат да ја одржат врската. Се шпекулира и дека Ким отишла од Лос Анџелес до Лондон на 24 часа, само за да има можност да го види новиот дечко.
„Луис и Ким се едни од најзафатените луѓе во шоубизнисот, но посветени се да направат сè што можат за да се видат кога имаат малку слободно време.
Ким го помина велигденскиот викенд со нејзиното семејство, потоа во понеделник наутро имаше фотосесија во Лос Анџелес, па го прелета Атлантикот за да го види Луис.
Немаа многу време заедно бидејќи таа имаше обврски во САД“.