Ќерката на Ким Кардашијан шокира со изгледот на 12 години: „Детето е за жалење“
- Детали
- четврток, 23 октомври 2025
Норт Вест, 12-годишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, ја загрижи јавноста, откако објави видео на ТикТок на кое има лажни тетоважи на лицето, пирс на носот и целосна метална протеза во устата.

Норт и понатаму има сина коса, но овој пат таа беше врзана во плетенки, а има и сини леќи на очите и тетоважа со к’на на раката.

Таа откри и дека била на концерт со две свои другарки, кои имаа иста фризура и леќи на очите, но едната во зелена, а другата во розова боја, и дека до концертот патувале со приватен авион.

„Ова не е слатко. Девојчето има само 12 години. Ова не е стил и делува смешно за 12-годишно дете. Дали би сакале вашата ќерка да шета јавно вака?“,
„Зошто не сака да биде само дете?“,
„Ова е навистина тажно, детето е за жалење, расте пребрзо“ - се дел од коментарите под видеото.

Сето ова се случува само неколку дена откако Ким јавно призна дека правела грешки при воспитувањето на децата и дека грешела при модните избори на Норт.

Погледнете повеќе фотографии:




Погледнете го видеото:
https://www.tiktok.com/@kimandnorth/video/7563893271508929822
А. Ј. | Црнобело
