Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности
- Детали
- недела, 28 декември 2025
„Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што досега не сме го виделе, тогаш треба да ја голтне камерата“, напиша Бет Мидлер, по што почна „интернет војна“ со ријалити ѕвездата.

Факт е дека благодарение на семејните драми, Кардашијанс успеаја да изградат цела империја.
Но, покрај меѓусебните караници кои се редовни на нивното реално шоу, познатите сестри имале конфликти и со други познати личности.
Со кои сè Кардашијанс имале конфликт?
Ким Кардашијан и Тејлор Свифт
Канје Вест одамна „води војна“ со Тејлор Свифт, а во 2016-та му се придружи и Ким Кардашијан.
Причината е песна на Канје Вест во која ја спомнува Тејлор. Музичарот тврдеше дека добил дозвола од неа, додека таа негираше.
Па, Ким објави видео на кое беше како доказ дека Канје е во право.
Тејлор, пак, тврдеше дека видеото било манипулирано и снимено без нејзина дозвола.
Во 2020-та, Ким последен пат се огласи за конфликтот:
„Да разјаснам, во целата ситуација ми пречеше тоа што Тејлор лажеше дека Канје никогаш не побарал дозвола. Јасно е дека зборуваа, како што можете и самите да видите“.
Тејлор, пак, потоа објави песна – tanKyou aIMee – за која се верува дека е напишана за Ким.
Ким Кардашијан и Бет Мидлер
Во 2016 година, Бет Мидлер напиша твит со кој ги осудува разголените фотки на Ким:
„Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што досега не сме го виделе, тогаш треба да ја голтне камерата“.
Јасно е дека Бет алудира на порно снимката на Ким, па ријалити ѕвездата ѝ врати:
„Бет, не сакам да спомнам како пред некое време ми испрати подарок и пробуваше да ми бидеш лажна пријателка. Знам дека е доцна и сигурно спиеш, но ако си уште будна, испрати ми разголени фотки (се шегувам)“.
Целата ситуација е бизарна бидејќи пред твитот, Бет Мидлер јавно зборуваш за тоа колку ги сака Кардашијанс.
Ким Кардашијан и Пинк
И Пинк го дели истото мислење со Бет Мидлер.
Таа објави долг пост во кој ги фали жените кои се трудат за да успеат, без да ги користат нивните гради и задник.
Подоцна Пинк потврди дека објавата била наменета за Ким.
Ким Кардашијан и Шерон Озборн
И уште една караница што ја почнаа разголените фотки на Ким. Шерон Озборн го искажа своето мислење во интервју за The Telegraph.
„Ако Ким сака да си покажува телото, тоа е во ред. Но, тоа не е феминизам, тоа значи дека е к***а. И нема ништо лошо во тоа, но секој треба да знае на каква позиција се наоѓа“.
За коментарот на Шерон, Ким изјави дека никогаш не се правела феминистка.
„Погрешно ги пренела моите ставови и мислам дека изгледаше глупаво“.
Шерон врати и на овој коментар:
„Не бев неучтива. Ким позира гола, го промовира својот сексапил, дури и во облека за по дома.
Што ѝ да прави, си го покажува телото и ова кажува дека е силна и приземјена жена која не се срами од своето тело. Но, ова не е феминизам“.
